Добра глума и „слепи“ судии се комбинација која треба да се види (Видео)

Вилјареал го победи Реал Сосиедад со 2-0 во контролен меч кој мина во знакот на една ситуација од 29-тата минута, кога за Жолтата подморница беше досуден пенал. Ова е само пријателски натпревар и нема ВАР-технологија, да беше официјален дуел, ќе немаше пенал, туку Мои Гомес ќе добиеше жолт картон за симулирање.

Сосиедад не можеше да смета дури на 10-мина играчи, некои се заразени со корона-вирус, други се со своите репрезентации, а маките им се зголемија кога против нив се досуди непостоечки пенал.

Мои влезе во 16-никот на Сосиедад, направи уште неколку чекори напред и дури тогаш ја загуби рамнотежата и падна. Иако немаше контакт со противник, судијата реши да досуди пенал, кој Пако Алкасер го претвори во водство од 2-0.

Погледнете и проценете дали имаше елементи за пенал:

https://www.youtube.com/watch?v=paadG-HDHzQ

- Оглас -

Најнови вести