Добра вест за Атлетико: ФИФА привремено ја отстрани суспензијата на Трипие

Во последните денови од 2020 година, англиската фудбалска асоцијација го казни Киран Трипие со суспензија од 10 недели и 70.000 фунти поради прекршување на правилата за обложување, но ФИФА излезе во пресрет на Атлетико Мадрид и привремено ја поништи суспензијата.

Така Диего Симеоне ќе може да смета на англискиот бек во наредниот период, поточно додека Судот за спортска арбитража во Лозано не ја донесе конечната одлука околу казната на Трипие. Атлетиков веднаш поднесе жалба по изречената суспензија и успеа привремено ја доби битката, па Трипие не ќе мора во клучниот дел од сезоната да седи на трибини.

Искусниот бек сезонава запиша 19 настапи за Јорганџиите во кои придонесе со четири асистенции, и еден од фудбалерите во кого Симеоне има многу доверба.

- Оглас -

Најнови вести