Добра вест за Гатузо, не толку добра за Елмас: Руис конечно доби негативен тест за ковид-19

Фабијан Руис, играчот за врска на Наполи, по 18 поминати дена во самоизолација конечно е негативен на ковид-19 и ќе може да се врати во тренажен процес.

Тоа е добра вест за тренерот Гатузо, но не и толку добра за Елиф Елмас, ако се знае дека македонскиот дијамант во отсуство на Шпанецот блескаше во изминатите неколку натпревари и реализира два одлични погодоци против Специја и Парма.

Враќањето на Руис за Елмас ќе значи повторно зголемена конкуренција, но засега е неизвесно дали Шпанецот ќе биде во конкуренција за настап за гостувањето на Наполи кај Џенова во претстојниот викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести