Добра вест за Ѓоковиќ, Синер се повреди и загуби од Циципас

Гркот Стефанос Циципас е прв финалист на Мастерсот во Монте Карло, откако со 6-4, 3-6, 6-4 го доби дуелот со Јаник Синер.

Се чинеше дека Синер е на пат првпат да игра финале на Мастерс на земјена подлога, водеше со 4-2 во гејмови во третиот сет, но тогаш почнаа проблемите со ногата, побара и медицински тајм-аут, но и тоа не помогна.

Италијанецот се врати на терен и продолжи да игра, но не можеше да трча и Циципас го искористи тоа за да победи. Циципас е вториот тенисер кој го победил Синер во 2024 година.

Во финалето, Циципас ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ или Каспер Руд.

- Оглас -

Најнови вести