Добра вест за НБА – Во последната седмица има само два позитивни теста

НБА-лигата се подготвува за продолжението на сезоната закажано за 30 јули, а добра вест за најсилната кошаркарска лига на светот е што се намалува бројот на кошаркари што се позитивни на корона-вирусот.

Расел Вестбрук самиот објави дека има позитивен тест на ковид-19, а во последните 7 дена, или од 7 јули се тестирани вкупно 322-ца кошаркари и само двајца имаат позитивни тестови, односно се со симптоми на корона-вирус.

Дел од екипите што ќе учествуваат во плејофот во „Светот на Дизни“ во Орландо веќе пристигнаа на местото каде што ќе се игра плејофот за титулата и го очекуваат рестартирањето на сезоната.

Во доигрувањето за титулата ќе учествуваат 24 од вкупно 32 екипи, а ќе се менува и форматот. Четирите првопласирани екипи од Двете конференции, Источната и Западната веќе се во првото коло од плејофот, а клубовите кои до прекинот на сезоната беа пласирани од петтото до 12-тото место ќе играат плејоф-серии за да се приклучат уште по четири состави во продолжението од доигрувањето за пехарот.

- Оглас -

Најнови вести