Добра вест за Реал: Марсело тренира и ќе игра на Ел Класико

Реал Мадрид во дуелот против Викторија П’лзењ ја прекина серијата од пет меча без победа, но по средбата „кралевите“ беа загрижени. На повреда на мускулот на ногата се пожали Марсело. Иако е дефанзивец, Бразилецот даде еден од двата гола во победата над Викторија П’лзењ и е една важна алка во нападот по левата страна.

По направените лекарски прегледи, било констатирано дека повредата не е сериозна и Марсело повторно е на тренинг. Бразилецот ќе биде во составот на Реал за големото Ел Класико, кое се игра во недела, на „Камп ноу“.

Марсело го постигна и голот против Леванте кога Реал стави крај на најдолгата низа во историјата без да се израдува на погодок. Бразилецот тогаш погоди по пауза од точно 481 минута.

Oткако е дојден на „Сантијаго Бернабеу“ во 2006 година, за дефанзивецот на Реал ова ќе биде 29-то дерби против Барселона. Неговиот биланс на Ел Класико е седум победи, седум нерешени и 14 порази.

 

- Оглас -

Најнови вести