Добра вест за Украина, лоша за Португалија, Луксембург и Србија

УЕФА ја одби жалбата на Португалија и Луксембург за настапот на Жуниор Мораес за Украина на квалификациските натпревари за Европското првенство 2020 година.

Португалците и Луксембуржаните сметаа дека Мораес, кој е роден пред 32 години во Бразил, немал право да игра за Украина бидејќи не живеел пет години без прекин во таа земја. Но, дисциплинската комисија на Европската фидбалска асоцијација поинаку ги толкува правилата. Португалците решија да ја прифатат одлуката и нема да се жалат на апелација.

Мораес годинава стана натурализиран Украинец, а седум години игра во таа земја. Од 2012 до 2016 беше во Металург Доњецк и Динамо Киев, а потоа замина во Кина, па во август 2017 се врати во Украина да игра за Шахтар.

Украина одигра 0-0 на гости со Португалија, а го победи Луксембург со 2-1, па сега Украинците се лидери на табелата во групата во која за врвот ќе се бори и Србија.

 

- Оглас -

Најнови вести