Добри вести за Ангеловски пред дуелот со Косово – Адеми не е повреден, Николов првпат стартер по 9 меча

Аријан Адеми не е повреден, иако преживеа опасен старт во второто полувреме на вечното хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб.

Адеми веднаш се фати за коленото, но потоа брзо стана и продолжи да игра на мечот на кој со гол ја запечати победата на популарните Модри против големиот ривал Хајдук.

Уште една добра вест за селекторот Игор Ангеловски е камбекот како стартер за МОЛ Фехервар на Бобан Николов. Играчот од средниот ред на унгарскиот прволигаш и стандарден член на македонската репрезентација за првпат по 9 меча пауза беше во стартниот состав на Фехервар, вечерва против Залаегершег во Купот на Унгарија.

Николов одигра 64 минути и потоа беше заменет. Паузираше поради повреда на петата, што ја заработи на зимските подготовки со тимот.

За МОЛ Фехервар стандардно и одлично игра и Висар Муслиу, уште еден член на македонската репрезентација.

Македонија на 26 март ќе игра против Косово во нокаут-меч од полуфиналето во Сегментот Д на Лигата на Нации и со победа би била на само еден чекор до историски пласман на Европско првенство, што ќе се игра годинава.

- Оглас -

Најнови вести