Добри вести за Реал пред финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул

Реал Мадрид е максимално фокусиран на финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул откако ја обезбеди титулата во Ла Лига.

Кралскиот клуб на 10 дена од одигрувањето на големиот меч во Париз доби навистина добри вести. Давид Алаба закрепнал од повредата на стомачниот мускул и со тоа ќе му биде на располагање на Карло Анчелоти.

Австриецот којшто дојде бесплатно од Баерн Минхен, сезонава е еден од најдобрите играчи во дефанзивата, а со тоа италијанскиот стратег ќе има зголемена ротација во својот тим против англискиот тим.

Алаба за Реал сезонава одигра 30 натпревари и постигна два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести