Добро е: Барди избегна операција
Фактот што нема да оди под нож, значи дека нема долго да трае неговото закрепнување

Енис Барди, македонскиот репрезентативец и ѕвезда на Леванте, доби добри вести околу неговата повреда на грбот. Не е потребна операција како што првично најавија шпанските медиуми, но ќе мора да одмора неколку недели за целосно да ја надмине болката.
Повредата ја заработи за време на тренинг со националниот состав на Македонија, по што Барди се врати во Валенсија каде што му беа извршени детални прегледи. Тренерот Пако Лопес истакна дека Барди се спаси да не оди под нож, а најверојатно на терените ќе се врати во почетокот од 2021 година.