Добро е, мириса на добредојде за Бундеслигата – Освен Келн, ниеден клуб нема играчи со ковид-19

Германски „Кикер“ објави оптимистички резултати од рапортот на клубовите во Бундеслигата што се најава за рестарт на германското првенство наскоро, а во ниту една од екипите нема пријавено случај на заразен од корона-вирус.

Почетокот на тренинзите на отворено беше разочарувачки, а од Келн објавија дека двајца фудбалери и Супервизорот на клубот имаат корона-вирус, па најавата за камбек на терените на 9 мај и продолжување на првенството стана нереална опција.

Сега „Кикер“ објави дека 14 клуба информирале дека немаат заразени од ковид-19 во периодот откако Германците тргнаа со тренинзи и подготовки за продолжение на сезоната. Три клуба не дале податоци, а во Келн продолжија со тренинзите и покрај тројцата новозаразени.

Тоа е одлична најава дека е можен брз рестарт на сезоната 2019/20, во која останаа да се доиграат уште 9 кола. Клучна ќе биде одлуката на Владата на Германија и на канцеларката Ангела Меркел што се очекува наскоро.

- Оглас -

Најнови вести