Дочек на златната теквондистката со палење факели

Пиротехничко шоу ја изненади јуниорската теквондо репрезентација на Хрватска, која се врати со девет медали од ЕП во Шпанија на кое имаше 46 земји.

Со палењето факли беше прославен успехот, а единственото злато на Хрватите им го донесе Ника Петањек во категоријата до 68 килограми. Најуспешна нација беше Русија, но и за Хрватите ова е голем успех, па навивачите кои ги пречекаа младите теквондисти направија тие да се чувствуваат како ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести