Балде Кеита, офанзивецот на Монако, наскоро треба да го комплетира привремениот трансфер во Сампдорија, а по извршените медицински прегледи, се потврди дека фудбалерот е позитивен на корона-вирус.
Сампдорија плаќа до милион евра за позајмицата со опција да го откупи Кеита следната година за 12 милиони евра, меѓутоа потенцијалното големо засилување веднаш ѝ донесе проблеми на екипата од Џенова. Кеита ќе го потпише договорот додека е во карантин, што значи дека вирусот нема да го спречи трансферот.
Во меѓувреме, градскиот ривал на Сампродија, Џенова, чии бои брани Горан Пандев, вчера потврди 14 позитивни случаи на ковид-19, од кои 11 се фудбалери, а наводно дел од нив настапиле во поразот од Наполи во неделата, по што се крена паника дека корона-вирусот може да стигнал и до соблекувалната на Наполитанците.