Додека Репеша урлаше и пцуеше, две девојки разменуваа нежности на трибинтие (Видео)

Кошаркарскиот дуел од италијанското првенство меѓу Пескара и Бреша го одбележа еден неочекуван момент. Познатиот хрватски тренер Јасмин Репеша беше многу лут на своите кошаркари, кои делуваа немоќно на теренот и беше принуден да побара тајмаут.

Додека Репеша делеше совети, но и нервозно пцуеше, режисерот на италијанската телевизија се префрли на „kiss“ камера, а во кадар беа две убави девојки кои решија да се бакнат пред целиот аудиториум.

Додека девојките разменуваа нежности, се слушаше аудиоделот од советите кои на англиски јазик ги делеше Репеша. На крајот од тајмаутот, тренерот опцу на хрватски јазик додека во кадарот беа девојките.

„Луѓе, немаме ритам против високите играчи. Немаме ритам! Секој ден, истото! Веднаш додај ја топката, веднаш одиграј одбрана! Одиграј брзо“, советуваше Репеша, кој на крајот опцу „пи**у материну веќе“.

- Оглас -

Најнови вести