Додека се откажуваат евролигашки мечеви, во Каунас вчера атмосферата беше жешка (видео)

Евролигата е во проблеми по стартот на новата сезона. Досега се откажаа неколку натпревари поради активни случаи на корона-вирусот во одредени клубови, а поголемиот дел од натпреварите се играат пред празни трибини, како што е случајот речиси во сите спортови.

Сепак, атмосферата на вчерашниот дуел меѓу Жалгирис и Анадолу во Каунас дава надеж за подобри времиња, односно враќање кон нормалното.

Повеќе од 5.000 фанови од трибините ја проследија убедливата победа на Жалгирис против сè уште европскиот вицешампион, притоа сите присутни ги почитуваа мерките со носење маски и дистанцирање.

- Оглас -

Најнови вести