Додека сите се караа за голот, Модриќ беше фокусиран на нешто друго и покажа зошто е фудбалска икона (Фото)

Во сенка на драматичниот финиш на „Местаља“ на дуелот Валенсија – Реал Мадрид, остана повредата на Мукрат Дијакаби. Дефанзивецот на домашниот тим претрпе повеќекратна скршеница на ногата и на носилки беше изненсен од теренот, па сега го чека долга пауза.

Се играше финишот на мечот кога Чуамени загуби контрола и паѓајќи на земја, удри директно во ногата на Дијакаби и го згмечи. Играчот на Валенсија веднаш реагираше дека се работи за сериозна повреда, а голем дел од фудбалерите на теренот, со неверување гледаа и се фаќаа за глава, поради тешката повреда.

По завршување на мечот, додека сите фудбалери на Реал Мадрид се бунеа, некои дури и се обидуваа и да се тепаат поради поништениот гол постигнат неколку секунди по означениот крај на средбата, Лука Модриќ беше фокусиран на нешто друго.

Хрватскиот ветеран, веднаш по мечот упати порака до повредениот Дијакаби.

„Се надевам дека Дијакаби брзо ќе закрепне. Многу среќа“, беше пораката што Модриќ ја упати до повредениот фудбалер на Валенсија.

Освен Модриќ, пораки за поддршка за Дијакаби стигнаа и од уште неколку други фудбалери на Кралскиот клуб. Дијакаби е фудбалер кој потекнува од Олимпик Лион, а од 2018 година е дел од Валенсија, каде одигра 176 меча и постигна осум погодоци.

- Оглас -

Најнови вести