Доделен првиот бел картон во фудбалот, какво значење има тој? (Видео)

Судиите на фудбалскиот терен најчесто ги гледаме како делат јавна опомена на играчите за некој неспортски потег и покажуваат жолт или црвен картон. На меч од португалската петта лига беше забележан веројатно историски момент во фудбалот и според некои пишувања, за првпат е доделен бел картон.

За што се доделува белиот картон и какво е неговото значење? За разлика од жолтиот и црвениот картон кои се покажуваат како санкција, белиот картон се покажува како вид благодарност и покажана фер игра.

На дуелот од петтата лига во Португалија, напаѓачот можеше да постигне гол, и тоа откако противничкиот дефанзивец при обид да ја исфрли топката, се повреди. Дефанзивецот остана да се жали на повреда, а напаѓачот кој имаше отворен пат кон голот, реши да застане и едноставно ја шутна топката аут за да му се укаже помош на повредениот играч.

Овој потег на теренот наиде на големо одобрување и аплаузи од трибините, а судијата реши да го извади белиот картон и да му го покаже на фудбалерот кој покажа фер игра.

 

- Оглас -

Најнови вести