Договорен почеток на уште едно првенство во Европа

Фудбалското првенство на Полска треба да продолжи на 29 мај, најавија премиерот на државата, Матеуш Моравјечки и министерот за спорт Данута Дмовска-Анжејук.

„Имаме добро дефиниран план за продолжување на првенството и тоа треба да биде на крајот од мај“, вели премиерот на Полска, Моравјечки, кој додаде дека сепак и овој датум може да биде променет во зависност од ситуацијата со Коронавирусот.

Сите фудбалери и членови на стручните штабови ќе бидат тестирани на почетокот на мај, а потоа ќе биде дозволено и да започнат тренинзите и тоа на играчи во неколку помали групи. По неколку дена, цел тим ќе може да тренира компактно, а на 27 и 28 мај ќе бидат извршени детални лекарски прегледи и првенството ќе може да продолжи.

Крајот на шампионатот е закажан за 19 јули. До прекин на првенството, Легија Варшава ја имаше лидерската позиција со 51 бодови, пред Пјаст со 43 бодови, а Краковија и Лех имаат по 42 бодови.

- Оглас -

Најнови вести