Договорот на Ериксен со Брентфорд завршува налето – Два великани го посакуваат во своите редови

Кристијан Ериксен го сврте вниманието на светската јавност кон себе откако по срцевиот напад на ЕП минатата година, тој се врати на терените и покажа каков мајстор е.

На четири настапи досега, тој за Брентфорд има по еден погодок и асистенција, а покажа дека физичката поодготвеност не е проблем и дека дефибрилаторот во неговото срце ќе спречи несакани случки.

Данецот со Брентфорд потпиша договор до крајот на оваа сезона, а со настапите го сврте вниманието и тој е посакуван од страна на великани како Манчестер јунајтед, Барселона, а се споменува и евентуално враќање во Тотенхем.

Од друга страна, пак, од новиот член на Премиер лигата се надеваат дека Ериксен ќе потпише долгорочен договор и дека обостраната фудбалска бајка ќе продолжи.

- Оглас -

Најнови вести