Дојде ли крајот на Де Брујне во Манчестер? Веќе се најавува неговиот наследник

Пред дури девет години Кевин де Брујне пристигна во Манчестер сити и блесна на највисоко ниво. Граѓаните тогаш платија високи 76 милиони евра на Волфсбург, а Белгиецот ги оправда сите вложени пари во него. Тој беше еден од лидерите во создавањето на шампионската генерација на Манчестер сити.

Летово се погласни се најавите дека Де Брујне може да си замине, иако има договор кој го обврзува да остане во англискиот првак до јуни 2025 година. Сепак, пред овој докажан голгетер е богата финансиска понуда од Саудиска Арабија, односно од тимот на Ал Итихад.

Сити ако сега реши да го продаде Де Брујне ќе заработи добра сума на пари. Ако не го продаде, следното лето може да се случи Де Брујне да си замине за џабе, односно беспари.

Токму затоа, Пеп Гвардила е во потрага по евентуална замена за Де Брујне. Шпекулациите се дека Џама Мусиала може да биде наследниот на Белгиецот .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести