Саму Омородион е нов напаѓач на Порто. Младиот голгетер на Атлетико Мадрид беше на чекор од трансфер во Челзи, замина и на лекарски прегледи во Лондон, но трансферот не се реализира и се врати во Шпанија.
Сепак, на крајот дојде и среќниот момент за него, а наместо на „Стемфорд бриџ“ заврши во Порто.
"É um orgulho fazer parte de um clube com a enorme história do FC Porto. Sei da responsabilidade que é jogar aqui, onde passaram avançados como Gomes, Jardel, Falcao ou Jackson Martinez, mas sei que estou preparado"
— FC Porto (@FCPorto) August 23, 2024
O nosso #⃣9⃣ Samu Omorodion#InvictosDeCoração pic.twitter.com/b1Pp0Rr2Z3
Деталите од договорот помеѓу Порто и Атлетико Мадрид се интересни, а за нив е заслужен претседателот на португалскиот клуб, Андре Вилјаш Боаш.
Порто плати 15 милиони евра за 50% од договорот, додека другата половина останува на Атлетико.
Порто може да купи дополнителни 15% за 5 милиони евра во 2025 година, како и уште 15% за нови 5 милиони евра во 2026 година.
Договорот е потпишан до 2029 година, а откупната клаузула е поставена на 100 милиони евра.