Дојде на тренинг со трска за ловење риби, за да бара таленти (Видео)

Неверојатна ситуација се случи на тренингот на екипата на НЕК Најмехен, која се натпреварува во втората холандска лига. На тренингот се појави човек во рибарска облека со трска во рацете и застана покрај играчите кои тренираа. Тој почна да фрла со трската како да сака да лови риби.

Запрашан што прави со трската, човекот одговорил дека е дојден „да лови“ таленти, но, за жал, по неколку минути видел дека нема „да улови“ ниту еден бидејќи таму нема такво нешто. Со овој потег, навивачот сакаше да го покаже своето незадоволство поради резултатите на НЕК.

Холандскиот тим кој во минатото беше дел и од првата лига, сега е во второто по ранг натпреварување и моментно е на деветото место, без шанси за враќање во елитата. Овој клуб во минатото има играно четири пати во финалето на Купот на Холандија, но сите четири финалиња ги има загубено. Во сезоната 2008/09 играше и во групната фаза од Купот на УЕФА и успеа да помине во нокаут-фазата покрај Удинезе, Динамо Загреб Тотенхем и Спартак.

За жал на навивачите, тоа се само добри спомени, а сега на ваков неверојатен начин ќе го изразуваат своето незадоволство за тоа дека во екипата нема таленти.

Видеото со навивачот кој дојде на тренинг „да лови таленти“ може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести