Дојде во клубот, за четири месеци ја освои титулата, а потоа не доби продолжување на договорот

Хуан Мата е еден од најуспешните шпански фудбалери во последниве дваесетина години. Фудбалерот кој започна во Валенсија со која се радуваше во Купот на Шпанија, светска слава стекна играјќи во Премиер лигата и тоа со голем успех за Челзи и Манчестер јунајтед, освојувајќи многу трофеи, минатата сезона ја помина во Галатасарај со кого стана првак на Турција.

Пред четири месеци Мата потпиша договор со Висел Кобе, клуб кој ја освои титулата во Јапонија. Мата одигра само еден првенствен дуел, па токму затоа и не доби продолжување на договорот, па сега е слободен играч.

Мата има 36 години и доколку во скоро време не најде нов ангажман, може да се очекува и да ја заврши успешната фудбалска кариера.

- Оглас -

Најнови вести