Дојде време за разделба на Тони Крос и Реал Мадрид?

Намерата на Реал Мадрид да купи екстра квалитетен играч кој настапува од средниот ред го натера Тони Крос да размисли за заминување од шпанскиот главен град. Германецот во 2014 година за прилично ефтини пари дојде од Баерн во Реал, освои многу трофеи и можеби сега е вистинското време да си замине и да направи богат трансфер.

Според весникот „Ас“, Крос има желба да го напушти Реал ова лето. Тренерот Зинедин Зидан му веруваше многу, но немотивираниот Крос имаше очајна сезона и е една од причините за катастрофалните резултати. Како игра Крос оваа сезона, најсликовито опиша Бернд Шустер, кој кажа дека неговиот сонародник е како „Трактор со дизел гориво“.

Реал сака да го купи Пол Погба или Кристијан Ериксен, што би значело дека Крос најверојатно би бил резерва. Минатото лето Манчестер јунајтед се интересираше за Крос, но тој одби со изјава дека сака да го одработи договорот со Реал до 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести