Доказ дека никогаш нема предавање: На мајсторски начин спаси шест меч-топки и на крајот победи (Видео)

Миомир Кецмановиќ е херојот на денот во тенискиот свет откако на неверојатен начин се пласира во четвртфиналето на турнирот во Јапонија. Српскиот тенисер по голема борба успеа да го елиминира Даниел Еванс од Велика Британија со 6:3, 3:6, 7:6 (4).

Кецмановиќ го доби првиот сет, потоа го загуби вториот, а во решавачкиот трет сет Еванс имаше дури шест меч-топки, но Србинот не се предаде. Кецмановиќ успеа да спаси шест меч-топки, а една од тие беше на спектакуларен начин. Со удар на топчето меѓу нозете, Кецмановиќ го доби поенот кој е за најавни шпици, а потоа во тајбрејкот Србинот победи.

- Оглас -

Најнови вести