Доктор Петре си молчел, во Романија има голем скандал со Ковид-19 во Ботошани

Случајот со Ботошани, клуб што не го одигра вчерашниот меч со Универзитатеа Крајова добива размери на голем скандал во Романија, а загрозени се и нашите поранешни репрезентативци, Давид Бабунски и Стефан Ашковски, кои се членови на екипата.

Докторот на Ботошани, Петре Радучеану е позитивен на Ковид-19, со уште еден играч на младинскиот состав, а откако е откриен случајот сите играчи се испратени во карантин.

Романските медиуми објавија дека Радучеану бил на ручек со фудбалерите во средата во Букурешт, непосредно пред да се дознае дека е позитивен на Коронавирус. Тоа се случило на патот кон Крајова, а целиот случај не бил веднаш пријавен од Ботошани, односно во клубот негирале дека докторот имал контакт со фудбалерите.

Сега се стравува од ширење на пандемијата во клубот, а фудбалерите се вратени во 14-дневна изолација. Обвинувањето е сериозно и медиумите објавија дека не се почитувал протоколот што е препорачан за однесување на клубовите во Романија, во услови кога пандемијата со Ковид-19 не е потполно сопрена.

Мечот меѓу Универзитатеа Крајова и Ботошани требаше да се игра вчера од 19 часот како премиерен на рестартот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести