Доктор тврди дека навивачите на Аталанта се бакнувале четири пати

Директорот на болницата во Бергамо, Лука Лорини, се согласува со теоријата дека вистинска „биолошка бомба“ експлодирала на фудбалскиот меч Аталанта – Валенсија. На овој меч во Милано имаше 40.000 гледачи, а градоначалникот на Бергамо неодамна изјави дека оваа средба придонела за ширење на Коронавирусот во Северна Италија.

„Сигурен сум дека 40.000 луѓе се прегрнувале и бакнувале по четири пати бидејќи Аталанта даде четири гола. Тоа на неверојатен начин го забрза ширењето на инфекцијата“, рече доктор Лорини, кој додаде дека навивачите не биле свесни дека се во опасност.

Не само фановите од Бергамо, од корона се заразија и голем дел од играчите на Валенсија кои беа во Милано, а од тимот на Аталанта бројот на болни е зачудувачки мал.

- Оглас -

Најнови вести