Докузовски: Овие играчи не го заслужуваат дресот на Работнички!

После дебаклот на гостувањето кај МЗТ Скопје и раното предавање, тренерот на Работнички, Марин Докузовски, со остар речник испрати пораки до кошаркарите на тимот кој го води. Според Докузовски, овие играчи на Работнички може да бидат само резерви во редовите на клуб кој е најтрофеен во Македонија.

„Честитки за МЗТ на победата. Ние добро го отворивме мечот, МЗТ беше под притисок, но ние не го искористивме тоа за да направиме повисока предност. Имавме многу отворени шутеви што ги промашивме. Сакам да кажам дека ме разочарува што овие играчи на Работнички не заслужуваат да го носат дресот на Работнички. Денеска не игравме одбрана. Играчите треба да се замислат и да се запрашаат. Ова се играчи за резерви, а не за стартери во клуб кој секогаш се борел за титулата во финале. Најголем срам е што не се бореа, тоа е непочитување кон клубот. Можам да разберам дека некогаш не оди шутот, но одбрана мора да се игра. Ние се предадовме, ваков пораз не сум доживеал во кариерата. За одбрана треба да имаш срце. Многу лош им беше пристапот“ – изјави Докузовски, кој најави дека по завршувањето на сезонава, размислува да земе одмор и кормилото да му го препушти на друг човек.
- Оглас -

Најнови вести