Долго чекаа, мизерно одиграа – Французите почнаа нова сезона со меч без голови (Видео)

Долго чекаа да играат фудбал, но на премиерата на новата сезона Бордо и Нант разочараа со меч без голови. Ланското првенство во Лига 1 не се доигра воопшто, беше прекинато поради пандемијата со корона-вирус, па ова беше прв меч во најквалитетната француска лига од март, односно по пауза од речиси половина година.

Гостите имаа голема предност, играа со фудбалер повеќе од 20. минута кога беше исклучен Зеркане, но не успеаја да ја искористат ситуацијата и освоија само еден бод.

Бордо успеа да се одбрани и остана непоразен и на деветтиот меч по ред кога популарните Канаринци од Нант им гостуваат на „Матмут Атлантик“ стадионот, кој е дом на Жирондинците.

Утре се играат уште два меча од првото коло во Лига 1, а уште четири дуели се на распоред за во недела.

 

- Оглас -

Најнови вести