Во македонскиот елитен фудбал денеска треба да има четири „кеца“

Четири меча се играат денеска во Прва фудбалска лига на Македонија со кои ќе се комплетира 25. коло. Според најавите, на сите четири натпревари треба да доминираат домашните екипи.

Актуелниот првак Струга ТЛ игра против локалниот ривал Воска Спорт. Во трите меча кои овие два тима ги одиграа сезонава (два во првенство и еден во Купот), немало повеќе од еден гол на меч. Струга ТЛ ги доби двете првенствни пресметки со по 1:0, а Воска победи во Купот и тоа на пенали, откако дуелот заврши без голови.

Највозбудливо треба да биде во Струмица каде Брера е домаќин на Работнички. Двете екипи ќе бркаат три бода кои им значеле многу во трката за опстанок.

Гостивар е фаворит на свој терен против последнопласираната Македонија ЃП, а без проблеми до три бода треба да стигне и Шкендија во Тетово против Брегалница Штип.

- Оглас -

Најнови вести