Домаќините нема да доминираат, но со предност ќе ги чекаат реваншите

6002 Реал Мадрид – Ливерпул (21ч)

Ливерпул на ваква шанса чека од 2018 година, да се одмазди за поразот во финалето кое се играше во Киев. Црвените дефинитивно имаат шанси да им направат проблеми на Кралевите кои за овој меч ќе го немаат капитенот Серхио Рамос, како и првиот десен бек Карвахал, додека Азар е веќе стандардно повреден.

Зидан веројатно ќе постави тројца дефанзивци во одбраната кои ќе го чуваат Куртоа од опасните Мане и Салах, но и разиграниот Жота, кој може да добие шанса пред Фирмино во ова дерби.

Ливерпул памети победа од 1-0 и пораз со идентичен резултат од двете гостувања во Мадрид во 2009 и 2014 година. Клоп во тренерската кариера седумпати водел тим против Реал и има учинок од три победи, исто толку порази и едно реми, но никогаш се нема радувано во шпанската престолнина.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.50)

 

6001 Maнчестер сити – Борусија Дортмунд (21ч)

Милионерите прилично ослабени гостуваат на „Етихад“ без повредените Санчо, Вицел и Шмелцер, што може да биде голем хендикеп за бундеслигашот предводен од Ерлинг Халанд.

Сити е комплетен и Пеп ќе ги пушти најдобрите 11 во обидот уште во првата средба да се направи исчекор кон полуфиналето. Во рамките од ЛШ, овие две екипи се сретнаа во групната фаза во сезоната 2012/13, а Дортмунд беше подобар во двомечот со реми од 1-1 и домашен триумф од 1-0.

Оттогаш составите се драстично сменети, а Сити како иден англиски првак е голем фаворит во овој двомеч и се очекува да ја осигури победата вечерва.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.24)

 

1731 Монако – Мец (18:45ч)

Монако не би требало да има проблеми да се пласира во четвртфиналето од францускиот Куп, ако се знае дека само пред три дена на домашен терен славеше со убедливи 4-0 против Мец. Гостите се во лоша серија од четири меча без победа, што е сосема спротивна форма од Кнезовите, кои во четири дуели немаат примено гол, а освоија 10 бода во нив.

Мец се надева, но тешко дека може да направи нова сензација како пред две години, кога го елиминира Монако во пораната фаза од Купот, што е единствен триумф за оваа екипа против Кнезовите во последните пет меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.60)

 

1022 Норвич – Хадерсфилд (20:45ч)

Норвич ита кон експресно враќање во англиската елита, а вечерва со победа може да ја оствари својата мисија, па во последните кола да ја потврди и титулата во Чемпионшип.

Иако е дуел на двата поранешни премиерлигаши кои до неодамна играа на највисоко ниво, Хадерсфилд го загуби својот квалитет и оваа сезона се тресеше за второлигашкиот статус.

Канаринците може да остварат двојна победа по добиениот дуел на гости со 0-1 претходно сезонава, имаат големи шанси за тоа ако се знае дека повеќе од пет месеци немаат загубено на домашен терен, а пред двете ремија со Блекбурн и Престон, беа во опасна серија од девет победи.

Предлог тип: 1 & 1+ прво (1.85)

 

1953 Трабзонспор – Кајсериспор (18ч)

Голем хендикеп за Трабнзон е отсуството на Абдулкадир Умур, еден од најдобрите турски таленти во моментов, но и без него домаќините се фаворити против екипата која се бори за опстанок. Трабзон држи одличен биланс од четири победи и три ремија во последните седум средби против Кајсери, додека последен пат од оваа екипа загуби во мај 2017 година, со 2-3 на домашен терен.

Гостите не знаат за победа веќе три кола во низа во турското првенство, додека формата на Трабзон не е посебно сјајна ако се знае дека славеше во два дуели, двапати ремизираше и памети пораз од Анталија со 1-3.

Предлог тип: Т1 2-3 (2.19)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести