Домаќините се големи фаворити за победи во мечеви на кои треба да има многу голови

3005 Аталанта – Сампдорија (20:45 ч.)

Аталанта го има најопасниот напад не само во Италија, туку и во цела Европа од почетокот на 2023 година. Во петте меча кои ги одигра во Новата година, тимот од Бергамо има три победи и две нерешени, со неверојатна гол-разлика дури од 20 дадени и 10 примени гола.

Тоа значи дека во просек Аталанта дава по четири гола, а прима по два погодока. На последните три меча двапати одигра со 7+, а еднаш имаше шест гола.

Предлог тип: 4+ (2.70)

 

1703 Олимпик Марсеј – Монако (21 ч.)

Дерби на колото во француското првенство, а фудбалерите на Марсеј се во одлична форма и имаат осум победи по ред во сите натпреварувања. Монако исто така е во добра форма, па овој тим на последните пет дуели што ги одигра, постигна дури 15 погодоци, односно во просек три по средба.

Традицијата вели дека на 10 од последните 13 меѓусебни дуели било со ГГ3+, што и сега треба да е најава за возбудлив дуел.

Предлог тип: ГГ3+ (2.04)

 

1807 Баерн Минхен – Ајнтрахт (18:30 ч.)

Нема сомнеж дека Баерн е голем фаворит, но гигантот од Минхен во последните две кола ремизираше. Ајнтрахт игра одлично и во последните пет кола нема пораз. Тимот од Франкфурт игра одлично на гости и во осум средби загуби само еднаш (има четири победи и три ремија).

Ајнтрахт минатата сезона победи на „Алијанц арената“, што е дополнителен мотив за домаќините сега да не киксираат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1304 Севилја – Елче (18:30 ч.)

Севилја, според резултатите, е големо разочарување сезонава во Шпанија и во 18 кола освои само 18 бода. Сепак, фактот дека сега на гости им доаѓа „фенерџијата“ Елче, јасно е дека домашните фанови треба да се радуваат на победа. Елче уште нема ниту една победа, а само со 12 дадени гола, го има најлошиот напад.

Предлог тип: 1-1 (2.45)

 

1112 Манчестер јунајтед – Ридинг (21 ч.)

Дуел од ФА купот на кој Црвените ѓаволи не би требало да имаат проблем со противник од Чемпионшип. Ридинг дури и во втората лига не може да победи на ниеден натпревар од последните четири кола, а кога играше на гости во првенството, загуби дури 10 пати во 15 средби.

Овие два тима во последните 17 години играле 10 пати, а Манчестер се радувал на осум меча, а два завршиле нерешено.

Предлог тип: 1&2-4 (1.76)

- Оглас -

Најнови вести