Домашните екипи доминираа во Втора македонска лига

Домашните екипи доминираа во второто коло од Втора фудбалска лига на Македонија и се радуваа па пет победи од шест средби кои се одиграа денеска. Пелистер доминираше во локалното дерби против Новаци и победи со 4:0, а со ист резултат заврши и дуелот Арсими – Каменица Саса.

Домашните навивачи ги израдува и Тетекс кој со 2:1 славеше над Осогово, а со овој резултат заврши и дуелот меѓу Башкими и Победа.

Беса со 2:0 ја победи Беласица, а единствен гостин кој успеа да освои бодови е Кожуф, кој со 2:1 се радуваше кај Вардар Неготино.

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО ВМФЛ

Арсими – Каменица Саса 4:0

Беса – Беласица 2:0

Тетекс – Осогово 2:1

Пелистер – Новаци 4:0

Вардар Неготино – Кожуф 1:2

Башкими – Победа 2:1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести