Домашните навивачи збеснаа откако нивниот тим загуби со 0:4 од големиот ривал (Видео)

Секој пораз од противник кој е вечен ривал е посебно болен за навивачите кои многу често знаат да реагираат на неспостски начин. Токму такво нешто се случи во Венецуела, каде што играа екипите на Каракас и Депортиво Тихана.

Домашните навивачи беа непријатно изненадени затоа што Депортиво Тихана водеше со убедливи 4:0 на теренот на Каракас. Поради фрустрациите по тешкиот пораз, дел од домашните навивачи ја изгубија контролата, втрчаа на теренот и се случи хаос.

Лутите навивачи тргнаа кон домашните фудбалери, а дел од играчите решија да се спротивстават, па малку фалеше да се случи уште поголем инцидент. На крајот најмногу настрада ВАР-системот, кој беше искршен.

- Оглас -

Најнови вести