Домашните победија на сите мечеви, Бостон до победа со кош во последна секунда (Видео)

Поранешниот член на Бостон селтикс, Кајри Ирвинг, со 39 поени се обиде да му донесе победа на Бруклин нетс и да ја замолкне бостонската публика која постојано го исвиркуваше, но, сепак, Келтите беа тие што се радуваа со 115-114 за водство од 1-0 во ова плејоф-серија на Истокот во НБА-лигата.

Ирвинг беше навредуван, а и тој им враќаше, тоа го чека и на вториот меч, а јунак на Селтикс беше Џејсон Тејтум, кој го даде победничкиот кош во последната секунда за огромна радост во „ТД Гарден“.

Милвоки го совлада Чикаго со 93-86, двата тима потфрлија во нападот, а Јанис Адетокумбо со 27 поени и 16 скока беше вистински лидер на Елените. Кај Булс, се истакна Никола Вучевиќ со 24 поени и 17 скока.

Феникс со победа од 110-99 над Њу Орлеанс, тргна на пат кон титулата. Крис Пол со 30 поени, од кои 19 во последната четвртина, беше најзаслужен за победата. Девин Букер уфрли 25, а Деандре Ајтон 21 поен.

Мајами го запре Тре Јанг само 8 поени, а Жешките погодија и 18 тројки, па триумфот над Атланта беше рутински, со 115-91. Убедливи на свој терен беа и Голден стејт против Денвер (123-107) и Филаделфија против Торонто со 131-111.

Ова е кошот на Тејтум за победа на Бостон:

- Оглас -

Најнови вести