Доминација: Бесмртниот Брејди ја одведе Тампа до Супербол-титулата (видео)

Тампа беј буканирс се новите шампиони на НФЛ по победата од 31:9 над бранителот Канзас сити чифс. Неверојатниот Том Брејди докажа дека годините се само бројка, па на 43 години блесна во големото финале и ја предводеше екипата до само втора Супербол-титула по 19 години пауза.

Брејди во своето 10-то финале во кариерата диригираше на домашниот терен во Тампа за освојување на седми шампионски прстен, додека по петти пат беше избран за МВП на финалето.

Канзас ја отворија средбата поведувајќи со 3:0, но потоа Брејди стапи на сцената и со три успешни додавања за тачдаун, од кои две додавања беа за Гронковски, им донесе пресврт на Баканирс од 21:6 на полувремето.

Канзас и второто полувреме го отвори со филд-гол на Баткер, но потоа следуваше нов тачдаун во изведба на Фурнет за 28:9 во корист на Тампа беј. До крајот дилемите ги реши Сакоп со филд-гол од 52 јарди за недостижни 31:9.

- Оглас -

Најнови вести