Доминација на Кулушевски – Гол, асистенција, незаборавни дриблинзи за полуфинале во Купот на Италија (Видео)

Дејан Кулушевски одигра одличен меч за Јувентус против СПАЛ во четвртфиналето на Италијанскиот куп и со асистенција и гол ја зачини сигурната победа на фаворитот од 4:0.

Шведскиот репрезентативец со македонски корени блесна во 33-тата минута, кога со извонредни дрбилинзи ја измеша одбраната на второлигашот и одлилно му асистираше на Фработа за деби гол во дресот на Јувентус.

Претходно гол постигна Мората, а повторно главен збор на мечот имаше Кулушевски со гол за 3:0. Федерико Кјеза искористи грешка на одбраната на СПАЛ, одлично го проигра Кулушевски во 78-мата минута за предност од 3:0. Кјеза во финишот на мечот постигна погодок за убедливи 4:0.

Јувентус ќе игра против Интер во полуфиналето на Копа Италија, а Аталанта го чека противникот, што ќе биде познат по утрешниот дуел меѓу Наполи и Специја.

- Оглас -

Најнови вести