Доминацијата продолжува: Ферстапен прво беше најбрз на спринтот, а потоа ја освои и пол-позицијата

Актуелниот формула 1 шампион Макс Ферстапен ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Кина. На патеката во Шангај, Ферстапен уште еднаш ја потврди доминацијата, откако прво беше најбрз на спринт трката, а потоа ја освои и пол-позицијата на квалификациите.

За холандскиот возач ова е 37 пол-позиција во кариерата, а ова беше и јубилејна 100-та пол-позиција за тимот на Ред Бул.

Ферстапен најбрзиот круг го извозе за 1:33.660 минута и имаше 322 илјадитинки од секундата подобро време од второпласираниот Серхио Перес кој е негов тимски колега.

Од вториот ред ќе тргнат Фернандо Алонсо и Ландо Норис. Пјасти заврши на петото место, а за возачите на Ферари, Леклер и Сајнц се резервирани шесто и седмото место. Расел е осми.

- Оглас -

Најнови вести