Донарума ќе потпише договор до 2026 година

Џанлуиџи Донарума во следните неколку дена треба да го официјализира договорот со Пари Сен Жермен. Голманот моментно е со репрезентацијата на Италија на Европското првенство, а Аѕурите играат одлично. Имаат две победи без примен гол и се првите кои се пласираа во осминафиналето.

Досегашната цела кариера Донарума ја помина во Милан, но откако одби да го продолжи договорот, стана слободен играч и сега без никакво обесштетување може да си одбере нов тим. Шпекулациите беа дека Донарума ќе го облече дресот на Јувентус, но сега е многу поизвесно дека неговата следна дестинација ќе биде Париз.

Голманот дебитираше само на 16 години и оттогаш е стандарден прв чувар на мрежата, а стигна да биде и број 1 во италијанската репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести