Донарума со една од најубавите одбрани сезонава (Видео)

Милан со победата над Фрозиноне си ја подотвори вратата за влез во Лигата на шампионите, а голема заслуга за тој триумф има голманот Џанлуиџи Донарума. Овој 20-годишен чувар на мрежата во 49-тата минута, при резултат 0-0, одбрани пенал, а имаше уште неколку прекрасни интервенции, од кои најспектакуларна беше онаа во 88-мата минута, кога ги спречи гостите да намалат на 1-2.

Фрозиноне направи добра акција, Лука Валацанија со волеј од неколку метри ја упати топката кон голот, но Донарума одбрани, оставајќи ги во чудо сите коишто беа во близина, а ја крена публиката на нозе.

Погледнете ја една од најатрактивните одбрани сезонава:

- Оглас -

Најнови вести