Луда трка за поени на Дончиќ и Богдановиќ, во продолжението ги засени 21-годишно момче (Видео)

Килијан Хејс е јунакот на Детроит пистонс, екипа што го победи Далас маверикс со 131:125 по едно продолжение, во единствениот меч што се играше во НБА-лигата ноќеска.

Хејс, кој има 21 година, даде 8 од вкупно 14 поени за Пистонс во продолжението, а успеа да врза две прекрасни тројки во клучни моменти.

Мечот го заврши со вкупно 22 поени и 8 асистенции, како втор најдобар стрелец кај победничката екипа.

Лука Дончиќ и Бојан Богдановиќ водеа интересна битка за поени и беа најефикасни на мечот – Словенецот Дончиќ кај поразениот Далас со 35 поени, 10 асистенции и пет скока, а Хрватот Богдановиќ кај Детроит со 30 поени и по 4 скока и асистенции.

Во регуларниот дел мечот заврши со резултат 117:117.

 

- Оглас -

Најнови вести