Дончиќ беше најдобар, но кога требаше да се реши победникот топката ја додаде на друг и Далас загуби (Видео)

Јута џез израмни на 2:2 во победи во дуелот против Далас, откако во драматичен меч победи минимално со 100:99. Двете екипи се менуваа во водство, а откако Далас поведе со 13:8 на почетокот, во втората четвртина Јута имаше предност од 47:32.

По три четвртини, Далас имаше водство од 81:78, а во финишот на мечот се знаеше дека ќе се решава во последниот напад. Јута водеше со 95:94, кога Лука Дончиќ даде пет поени во низа и гостите поведоа со 99:95. Потоа Донован Мичел погоди за два и даде дополнително слободно фрлање, а во последниот напад на домаќините Гоберт со забивање погоди за 100:99.

Последниот напад беше за за Далас, топката беше кај Дончиќ (најефикасен на мечот со 30 поени) кој беше удвоен и мораше да додава а неговиот соиграч го промаши шутот за победа, па Јута израмни на 2:2 во победи.

Драматично беше и во Минесота каде домашниот тим победи со 119:118, па сега и тука резултатот во серијата е 2:2. Карл-Ентони Таун беше одличен со 33 поени и 14 скока, додека Ентони Едвардс даде 24 поени.

Торонто славеше над Филаделфија со 110:102 и не дозволи да добие „метла“ во оваа серија. Филаделфија води со 3:1 во победи и 76-ките на следниот меч пред своите навивачи ќе се обиде да стигне до следната фаза од плејофот.

Бостон на гости славеше против Бруклин со 109:103 и поведе со 3:0 во серијата. Кевин Дурант и Кајри Ирвинг беа целосно неутрализирани и по стигнаа по скромни 16 поени, па Бостон кој водеше повеќе од три четвертини, без проблеми стигна до нов триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести