Дончиќ блесна и ги надмина Леброн и Џабар

Далас маверикс го изненади Лос Анџелес клиперс и славеше на гости со 113:103, во првиот меч од плејофот во НБА лигата. Уште на стартот Далас покажа дека е дојден да победи, па имаше и двоцифрено водство од 22:10.

Клиперс во втората четвртина ја анулира негативата и на кратко успеа дури и да поведе, но на полувреме повторно гостите беа во позитива од пет поени (60:55). Лука Дончиќ блескаше за Далас и едноставно беше незадржлив па во првото полувреме даде 21 поени.

Домаќините повторно успеаа да се вратат и на средината од последната четвртина поведоа со 98:97, но Далс повторно заигра силно и не дозволи да ја прокоцка победата затоа што водеа во најголем дел од мечот. На крајот гостите сосема заслужено се радуваа на триумф од 113:103.

Дончиќ беше херојот на Далас и имаше трипл-дабл со 31 поени, 10 скока и 11 асистенции. Тоа е втор плејоф трипл-дабл на Лука и стана првиот играч кој е помлад од 22 години што има трипл-дабл со 30+ поени. На оваа возраст тоа само по еднаш им успеало на Леброн Џејмс и Карим Абдул-Џабар.

Низ историјата, само тројца играчи имаат повеќе трипл-дабл учиноци во плејофот од Дончиќ во мечеви со дадени 30+ поени. Лидер е Леброн со 15, потоа следува Оскар Робертсон со осум и Вестбрук со шест вакви блескави натпревари. Донќиќ има два трипл-дабл учиноци и тоа во само седум одиграни плејоф средби.

Во останатите два меча одиграни ноќеска, Бруклин на свој терен го победи Бостон со 104:93, додека Портланд на гости го изненади Денвер и славеше со 123:109.

 

- Оглас -

Најнови вести