Дончиќ даде неверојатен кош, па ги построи тренери да прават склекови (Видео)

Лука Дончиќ игра во неверојатна форма и во декември има просек од 35,7 поени, 9,2 скока и 11,4 асистенции по меч. На последниот меч против Сан Антонио имаше трипл-дабл од 39 поени, 12 скока и 10 асистенции. Ова беше негов шест трипл-дабл сезонава, вкупно 61-ви во НБА кариерата.

Освен на натпреварите, Дончиќ прави чуда и за време на загревањето, па овојпат успеа да постигне кош од половина терен и тоа свртен со грб. Откако погоди, Дончиќ ги натера тренерите на Далас да прават склекови.

Лука го има зафатено и Божиќна еуфорија, па така ги изненади сите свои соиграчи, подарувајќи им електрични велосипеди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести