Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ со две тројки во последните 15 секунди сам му донесе победа на Далас маверикс над Бостон селтикс од 110-107 во најинтересниот меч од богатата програма во НБА-лигата.
При резултат 104-105, некогашниот играч на Реал Мадрид даде тројка преку центарот Даниел Тајс за 107-105. Потоа Селтикс изедначи на 107-107, а Далас го имаше последниот напад.
Топката ја зеде Дончиќ и повторно даде тројка од тешка позиција и од околу осум метри. Кога топката влезе низ обрачот, остана само 0,1 секунда до крајот, па Бостон ги загуби и теоретските шанси да направи нешто. Лука средбата ја заврши со 31 поен, а за Маверикс тоа е седма победа на последните девет меча.
Ова е тројката за победа на Дончиќ:
LUKA FOR THE WIN!!!pic.twitter.com/PMtFvCbj80
— Yahoo Sports (@YahooSports) February 24, 2021