Дончиќ ги уништи Харден и Вестбрук среде Хјустон (Видео)

Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека сезонава е незадржлив во НБА-лигата. Словенецот блесна и на гостувањето кај Хјустон предводејќи го Далас до победа од 137:123. Дончиќ едноставно ги уништи домаќините и на крајот заврши со 41 поен, 10 асистенции, шест скока.

Ова е четврти меч во низа на кој Дончиќ има барем 30+ поени и 10+ скока, а е вториот најмлад играч во историјата на НБА кој успеал четири меча по ред да даде 30+ поени. Помлад од него бил само Кевин Дурант.

Кај победничкиот тим одлични беа и Хардевеј со 31 поен, додека Порцингис имаше 23 поени и 13 скока.

https://twitter.com/NBA/status/1198736710768713729

Уште од почетокот на мечот Далас поведе со 7:0 и потоа Хјустон во ниту еден момент не успеа ниту да израмни, а не па да поведе. Во третата четвртина, Далас водеше и со 20 поени предност (87:67), а Хјустон џабе се мачеше да стигне.

Домаќините најмногу успеаjа да намалат на 112:107, но потоа Дончиќ повторно стапи на сцена и донесе петта победа во низа за Далас.

- Оглас -

Најнови вести