Дончиќ и Далас ќе се обидат да направат чудо кое не е видено во НБА

Лос Анџелес клиперс го пречекува Далас маверикс во седмиот решавачки меч, кој треба да го даде патникот во полуфиналето на западната конференција од НБА плејофот. Уште пред почетокот на оваа серија, тимот од Лос Анџелес беше во улога на фаворит, но на теренот Далас покажа дека има сили да парира.

Далас дури имаше и водство од 3:2 во победи, но тимот предводен од Лука Дончиќ не успеа на свој терен да искористи меч топка за пласман во следната рунда. Тоа што Далас во претходниот меч загуби дома и не е некое големо изненадување, ако се видат резултатите во сите шест средби од оваа серија.

За прв пат во историјата на НБА плејофот се случува во една серија, во првите шест меча постојано да победуваат гостинските екипи. Далас ги доби трите дуели во ЛА, додека Клиперс победи три пати по ред на теренот на Маверикс. Решавачкиот седми меч се игра во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, а Клиперси ја имаат улогата на фаворити.

Тоа сепак не значи дека Дончиќ и соиграчите ќе се предадат предвреме и дека нема да се обидат да станат првиот тим во историјата на плејофот што добил една рунда со сите четири победи на туѓ терен. Мечот се игра од 21 часот и ќе биде вистински предизвик да се погоди победникот.

 

- Оглас -

Најнови вести