Дончиќ и Далас се разбудија, а тоа е лошо за Бостон

8331 Далас маверикс – Бостон селтикс (01:30ч)

Далас ја надмина кризата и оствари пет победи во последните седум меча од серијата на домашен терен, а сега Маверикс го пречекуваат тимот на Бостон, кој е во променлива форма.

Тоа не се добри вести за Келтите, кои се на изедначен биланс од 15-15 по 30 натпревари, а дополнителен проблем за нив е што Маркус Смарт уште е во аут. Помина повеќе од една година од последниот меѓусебен дуел на овие две екипи, кој му припадна на Бостон, односно Селтикс држат позитивен учинок против Далас со 4-1 во последните пет меѓусебни дуели.

Сепак, ќе има промени во тој учинок по претстојната средба бидејќи Далас и Дончиќ нема да дозволат нов пад на домашен терен.

Предлог тип: 1 (2.06)

 

8451 Џејмс Харден (Бруклин нетс – Сакраменто кингс, 01:30ч)

По перфектната серија од пет гостински победи, Бруклин треба да ја пренесе формата и на домашен терен. Со оглед на тоа дека Сакраменто е катастрофален сезонава, се очекува лесна победа на Мрежичките, во која Харден повторно ќе треба да се истакне како лидер на екипата во отсуство на Дурант.

Харден само во два од петте нанижани победи не ја надмина својата граница во поени, а откако им одржа лекција на Клиперс со 37 поени, се очекува тоа да го стори и против Кингс.

Предлог тип: Харден >28,5 поени (1.85)

 

8333 Торонто репторс – Филаделфија севентисиксерс (01:30ч)

Торонто е во серија од четири победи, од кои една ја оствари токму против Филаделфија минатата ноќ. Овој дуел се предвидуваше дека ќе заврши со низок збир поени, па можеби и сега ќе биде сличен исходот.

На Сиксерси им се врати Бен Симонс, додека Торонто уште е без капитенот Лаури, па нема да биде изненадување доколку Филаделфија се избори за реванш.

Предлог тип: <223,5 поени (1.93)

 

8466 Демиен Лилард (Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, 04ч)

Лилард подзастана против Феникс во својата извонредна серија со повеќе од 30 поени на четири последователни натпревари, па сега против Денвер има прилика да го врати својот ритам и да изрежира изненадување во Колорадо.

Двете екипи ќе влезат во овој дуел со идентичен учинок од две победи и три порази во последните пет меча, па иако Нагетс се фаворити, ќе имаат големи проблеми против еден од најдобрите шутери во лигата.

Предлог тип: Лилард >31,5 поени (1.85)

 

8389 ЛА клиперс – Вашингтон визардс (04ч)

Вашингтон ноќеска го шокира шампионот, па остана во Лос Анџелес за да приреди ново изненадување против Клиперс. Сепак, Клиперси целат на тоа да го преболат поразот од Бруклин, односно да не дозволат втор пораз во низа во нивниот дом.

Затоа се предвидува крај на серијата од пет последователни победи на Вашингтон, односно Клиперси ќе издоминираат во двете полувремиња и покрај тоа што Пол Џорџ не е во конкуренција за настап.

Предлог тип: 1 хендикеп -8,5 поени (1.70)

- Оглас -

Најнови вести