Дончиќ и другарите може Нова година да ја дочекаат и на терен

Во НБА-лигата не даваат многу внимание на прославата за Нова година. За вечерва се закажани неколку мечеви во најсилната лига во светот, а интересно е што по македонско време може да си гледате кошарка, и тоа токму на доаѓањето на 2020 година.

Вечерва во 21 часот ќе играат Шарлот – Бостон и Индијана – Филаделфија, додека од 23 часот започнува дуелот Сакраменто – ЛА клиперс. Веќе во Новата година по 1 часот наутро по македонско време се закажани дуелите Хјустон – Денвер, Сан Антонио – Голден стејт и Торонто – Кливленд.

Последен меч за ноќеска е дуелот меѓу Оклахома и Далас, кој започнува во 2 часот наутро. По американско време, тоа е последниот дуел за 2019 година во НБА-лигата. По локално време, дуелот ќе започне во 19 часот, а ако се знае дека во просек еден НБА-меч трае околу три часа, јасно е дека играчите на двата тима нема да имаат време за никакво славење на Новата година.

 

- Оглас -

Најнови вести