Дончиќ и Ирвинг го растурија Бруклин, Њујорк му скандираше на Словенецот „МВП“ (Видео)

Екипата на Далас со фантастична партија на двоецот Дончиќ – Ирвинг дојде до победа од 107-119 на гостувањето кај Бруклин. Иако Словенецот имаше еден поен помалку од клупскиот колега, сепак беше прогласен за играч на мечот. Дончиќ постигна 35 поени, на кои додаде 18 скока и девет асистенции, но за 43 минути на паркетот имаше само една загубена топка.

Според статистичарите, ваков ефект за толку поминати минути на паркетот немал ниту еден кошаркар во историјата на НБА-лигата. Сепак, и таа една загубена топка е спорна бидејќи му е впишана на исфрлање на топката со звукот на сирената.

Резултати:

Индијана – Хјустон 132-129
Бруклин – Далас 107-119
Мајами – Орландо 121-95
Њујорк – Мемфис 123-113
Чикаго – Минесота 129-123
Јута – Оклахома 124-117
Феникс – Милвоки 114-106

- Оглас -

Најнови вести